🎥 И ПУШКИН НАСТРАДА ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Украинците ја отстранија статуата на познатиот руски писател од центарот на Киев
Украинската влада ја повлече статуата на рускиот писател Александар Пушкин од државниот регистар на споменици од национално значење.
Градските власти на Киев ја отстранија статуата на рускиот писател Александар Пушкин што стоеше на една од главните улици во градот. Претходно, украинската влада ја повлече статуата од државниот регистар на споменици од национално значење. Минатата недела непознати активисти преку статуата испишаа „Деколонизацијата не може да се запре“и фрлија црвена боја.
– Пушкин не е дел од украинската култура – изјави Дмитро Билоцерковец, советник на градоначалникот на Киев.
This video, shared by Kyiv Mayoral Adviser Dmytro Belotserkovets on Facebook, shows the dismantling of the statue of Russian writer Alexander Pushkin, which formerly stood in central Kyiv.
📽️: Dmitriy Belotserkovets / Facebook pic.twitter.com/CU8vD1IMEw
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) November 15, 2023
Пушкин се смета за основоположник на современиот литературен руски јазик и беше меѓу првите во Русија кои почнаа да пишуваат на народен јазик. Создаде стил кој измеша сатира, романса и драма. Негови најпознати дела се Евгениј Онегин, Борис Годунов, Пикова дама и Приказната за рибарот и рипката.
По почетокот на руската агресија врз Украина во фервруари минатата година, од украинскиот државен регистар беа отстранети и голем број други споменици на руски и советски личности, вклучително и статуи на командантот на Црвената армија, Микола Шчорс во Киев и на рускиот благородник принцот Воронцов во Одеса.