И ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ СНОУДЕН НЕ Е ХЕРОЈ? Сега знаеме што откри, пет земји го прислушуваат сиот свет!
Една од јасните последици е дека сега на сите ни е јасно дека постои масовно прислушување, се вели во статија на ДојчеВеле. Човекот кој ги прегледал 4.500-те страници од досиејата на Сноуден вели дека на секои 2 ипол години има вакви протекувања, а дека пет земји во прислушуваат целиот свет и никој никому не е пријател.
Човекот кој објави 4.500 страници документи од американската тајна служба НСА, а и разоткри дека Американците ја прислушувале Ангела Меркел, денес, десет години подоцна, некои го нарекуваат предавник, а другите херој. Како светот гледа на Едвард Сноуден, кој сега е руски државјанин?
Кои се последиците од неговите откритија?
Една од јасните последици е дека сега на сите ни е јасно дека постои масовно прислушување, се вели во статија на ДојчеВеле.
– Пред 2013 година, имаше експерти и научници кои разбираа дека е возможно масовно следење и прислушување на луѓето, дека тоа веројатно ќе се случи. Но, тоа беше само шпекулација во тоа време. И во 2013 година стана јасно дека светот се промени и дека тоа е реалност – изјави лани Сноуден за Дојче Веле приклучувајќи се онлајн од Москва на конференција организирана од вебстраната „СoinDesk“.
Може да стане херој ама да се врати во САД?
Ова беше неговиот одговор на прашањето што всушност тој направил. Еден поранешен разузнавач пак, во американската поморска академија смета дека Сноуден може да стане херој само ако се врати назад во САД за да ја доврши својата правда и приказна.
– Тој сигурно не го направи тоа за да работи со непријателите на САД, така да се каже. Денес тоа што стана руски државјанин тешко му помага. Од друга страна, тој навистина го прекршил законот, извршил предавство – вели Ерик Дал од академијата во Монтереј во Калифорнија.
Според германскиот политиколог Томас Рид од Универзитетот Џон Хопкинс, кој ги прегледал и каталогизирал 4.500-те страници од досиејата на Сноуден, нема дилема дека тие се импресивни.
Пет очи меѓусебно се гледаат, никој никому не е пријател
Рид открива дека постои таканеречната мрежа „Пет очи“, единствена во светот која ги поврзува тајните служби на САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и на Велика Британија.
– Таа „разузнавачка заедница“ од пет земји е исклучително креативни. Мислам дека е исклучително тешко за другите служби – Германија, но и спротивставените служби како што се кинеските – да бидат агилни и иновативни како „Пет очи“ – вели Рид.
На крајот на краиштата, колку доверлив партнер се ѝ САД на Германија ако го прислушкувале мобилниот на канцеларката Меркел?
– НСА разви „софистицирани методи“ за откривање на непријателска активност на мрежите во кои продира. И првото нешто што сака да знае кога ќе навлезе во компјутерска мрежа е кој упаднал во таа мрежа до неа. И ако открие некого, се прашува дали и тој натрапник прислушува – за да „не само што дознава нешто за нејзината цел, туку и што толку многу го интересира другиот натрапник“ – додава тој.
Не е првпат, на секои 2 ипол години „течат“ документи
Според него, факт е дека сојузниците повремено се шпионираат еден со друг.
– Од друга страна, мора да се земе предвид дека разузнавачките служби меѓусебно го споделуваат своето знаење и укажуваат на процеси кои вредат понатамошно истражување. Германската влада всушност дознала за хакирањето на Бундестагот во 2015 година од Британците.
Рид пресметал дека имало пет „мега протекувања“ во САД во последните 13 години – во просек на секои 2,6 години.
Последното големо протекување беше кога 21-годишниот Џек Тешеира го раскринка Пентагон објавувајќи стотици досиеја за војната во Украина, меѓу кои пишуваше дека
Сепак, за Рид, она што го објавил Тешеира не е исто со случајот со Сноуден, бидејќи, Тешеира го сторил тоа само за да се пофали на своите пријатели-гејмери, а притов објавил реални разузнавачки воени документи што им наштети на САД, за разлика од техничките документи кои ги објави Сноуден.