И ПЕЧЕ И ЛЕКУВА Копривата е добра за црниот дроб, уринарниот систем и варењето, а го намалува и притисокот

Традиционално, копривата се користи и за прочистување на крвта, за анемија, отежнато дишење и астма, за ревматски тегоби, за камен во бубрег, за несоница, за гинеколошки проблеми.

316

Кога мислиме на коприва, прво помислуваме на тоа дека може добро да не испече ако случајно ја

допреме со голи раце, но сепак е исклучително корисна за здравјето и е широко распространет






народен лек за многу болести. Се смета за плевел, се препознава по темнозелените триаголни

листови со назабени рабови. Цвета од мај до септември, а лековити се сите нејзини делови иако

најчесто се користат листовите и корените.

Здравствени придобивки

Традиционално, копривата се користи за болести на уринарните органи, за прочистување на крвта,

за анемија, дигестивни проблеми, отежнато дишење и астма, за ревматски проблеми, за

намалување на крвниот притисок, за камења во бубрезите, за несоница, за гинеколошки проблеми,

за здравје на црниот дроб и панкреасот.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини