И ПАК РУЧЕК НЕМА… Австралиски милијардер живее во својот дом со сопругата, со 30 љубовници и со децата

Траверс Бејнон, или Кендимен, неодамна откри кои услови мора да ги исполнат сите негови љубовници, ако сакаат да се вселат во неговата вила и да живеат на висока нога. Најважниот услов е да се договорат со неговата сопруга, бидејќи тие се и нејзини љубовници. Засега не е познато само едно – кој готви ручек во оваа куќа.

8,406

Го нарекуваат Кендимен. Познат е и како австралискиот Хју Хефнер. Милијардер е.

Живее со сопругата, со 30 љубовници и со своите деца, во вилата „Candy Shop Mansion“. Постојано ја шокира јавноста со изјави и со „незгодни“ фотографии на Инстаграм.






Станува збор за 50-годишниот Траверс Бејнон, австралиски тутунски магнат. Има пари, има жена, љубовници, нема што нема.

Тој неодамна откри кои услови мора да ги исполнат сите негови љубовници, ако сакаат да се вселат во неговата вила и да уживаат во благодетите на животот на висока нога. Најважниот услов е да се договорат со неговата сопруга.

Бејнон во својот дом обично чува до 30 жени со кои има интимни врски. На Инстаграм има околу 800.000 следбеници.

„Не треба да се грижите што мислат луѓето за вас, живејте го животот според сопствени правила. Моите љубовници се и љубовници на мојата сопруга“, напиша тој на Инстаграм и предизвика бура во јавноста.

Кој сака, нека честита и нека ѕирне што има на неговиот профил на оваа социјална мрежа:

Поврзани содржини