🎥 И МОНАСИТЕ ИМААТ ПОТРЕБИ Тајланѓанец ја фатил жена си во кревет со посвоениот син

Бизнисмен ги изненадил сопругата и нивниот посвоен син додека биле во експлицитен одно во куќа во Сукотај, Тајланд.

1,850

Маж од Тајланд ја фатил сопругата политичарка во кревет со неодамна посвоениот син, пишува Дејли мејл.

Бизнисменот ги изненадил сопругата и нивниот посвоен син додека биле во експлицитен одно во куќа во Сукотај.






На видеото се гледа како 64-годишниот Џилтед Ти ненадејно упаѓа во спалната и ги вади чаршафите под кои се голата 45-годишна Прапарон Чоеивадко и нивниот посвоен 24-годишен син Пра Маха кој е будистички монах.

– Дали двајцата сте многу среќни – се слуша како разбеснетиот сопруг вика додека шокираните љубовници се обидуваат да станат од креветот.

Чоеивадко, сепак, негира дека имала секс со својот посвоен син.

– Ништо не се случи и воопшто не е како што изгледа на видеото. Имаше некои проблеми, прво разговаравме, а потоа отидовме да се истушираме – изјави политичарката.

Џилтед рекол дека се сомневал во жена си и решил да вози 5 и пол часа од Бангкок до Сухотаи за да ја фати на дело. Тој го обвини монахот за заведување на неговата сопруга.

Богатиот инвеститор објаснил дека минатата година неговата сопруга му рекла дека ѝ е жал за монахот и го прашала дали можат да го посвојат.

– Мојата сопруга отсекогаш била многу религиозна. Се сретнавме во локалниот храм. Неодамна забележав дека многу време поминува со младите монаси. Еднаш ја видов како влегува во колибата на монахот и завесите беа затворени. Долго тропав на вратата, никој не ми одговори, а кога излезе рече дека се помолила со монахот. Мислам дека мојата сопруга ме изневери. Лани ми кажа дека го сожалува, па решивме да го посвоиме како свој син – објаснува бизнисменот.

Тој наведува дека се сомневал дека нешто се случува кога сопругата не му се јавувала на телефон.

-Дојдов дома порано кога таа не се јави на телефон. Се сомневав дека нешто не е во ред. Бев многу лут кога ги најдов заедно во кревет. Се чувствувам изневерено. Ѝ дадов многу злато и подароци – изјави Ти.

Официјални лица на Демократската партија на Тајланд ја суспендираа Чоеивадко додека не се реши случајот. Медиумите јавуваат дека таа немала никаква официјална функција во партијата.

Сега се вели дека Пра Маха го напуштил монаштвото и се криел.

На будистичките монаси во Тајланд вообичаено не им е дозволено да бидат сами со жени, а тие исто така се заветуваат на целибат за да им послужат како пример на своите приврзаници.

Тајландската полиција, да потсетиме, трага по двојка која неодамна бил снимена за време на експлицитен чин на локална плажа.

Поврзани содржини