И МЛАД И ОРГАНСКИ Пита со спанаќ што ја јадат и оние што не јадат – спанаќ
Ако сте од оние кои мислат: спанаќ си е спанаќ, јас не јадам спанаќ, веројатно ќе се премислите ако го пробате овој млад и зелен, органски спанаќ од Орешани. Ако не онака, свеж, тогаш барем спакуван во ваква вкусна и здрава пита
Оваа сабота се одржа второто пазарче од оваа сезона, во Јавна соба, каде што уште на влезот не пречека тезгата на Green Republic, инаку, заштитен знак на Аквапоника, фирма која произведува и продава органски салати и зеленчук.
Станува збор за нашиот стар пријател Васил Петрушевски, компјутерџија од Скопје, кој заедно со својата сестра Милица, пред околу 7-8 години почнале активно да се занимаваат со органско производство на својата земја во село Орешани, која на времето ја обработувал нивниот татко како хоби, а пред него и нивната баба-земјоделка.
Повеќе за ова, како и рецептот за оваа вкусна и здрава пита, побарајте ги ТУКА.