📽 И ИНДИЈА И ПАКИСТАН ИМААТ ПО 180 НУКЛЕАРНИ БОЕВИ ГЛАВИ Во случај на нуклеарен армагедон би загинале 150 милиони луѓе

И Индија и Пакистан поединечно поседуваат по околу 180 нуклеарни боеви глави. Моќноста на оружјето е од 15 до 100 килотони. Конфликтот би можел да доведе до нуклеарна зима која ќе има последици по планетата, предупредуваат научниците.

558

Нуклеарна зима би можела да однесе меѓу 50 и 125 милиони жртви доколку конфликтот меѓу Индија и Пакистан прерасне во нуклеарна војна, анализираат научници од Универзитетот Рутгерс во САД. Според нив, ова би резултирало со пад на температурите низ цел свет, намалување на врнежите од дожд, глад и економски шокови во криза невидена досега.

И Индија и Пакистан поединечно поседуваат по околу 180 нуклеарни боеви глави. Моќноста на оружјето е од 15 до 100 килотони. Покрај огромниот број на жртви, милиони ранети ќе имаат потреба од итна медицинска помош, додека многу градови во Индија и Пакистан ќе бидат уништени и ќе станат непогодни за живеење.






Зошто Индија го нарече воздушниот напад врз Пакистан „Операција Синдор“? Синдор е  црвен прав што жените во Индија го носат во косата како знак дека се во брак и обично се става на свадбите.

Операцијата е наречена така во сеќавање на жените чии мажи беа убиени пред нивните очи за време на терористичкиот напад во Пахалгам минатиот месец.

 

Поврзани содржини