И ДЕЦАТА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ НОВОГОДИШНИ ОДЛУКИ Имаме неколку добри предлози за вашето дете или за целото семејство

Кога станува збор за новогодишни одлуки, честопати ги донесуваме, а потоа – ги занемаруваме. Децата се подобри од нас! Да им помогнеме да ги донесат оние вистинските одлуки до кои навистина ќе се придржуваат.

32

На крајот од годината, сите носиме некакви одлуки, но и размислуваме кои од нив ќе ги прекршиме и игнорираме на почетокот на новата година. Да, токму така. Знаеме дека некои луѓе всушност се држат до овие одлуки, но не се случува ли почесто едноставно да ги заборавиме и да не направиме ништо во врска со тоа? За жал, така е. Но, зошто децата да не бидат подобри од нас во ова, како што се во многу други работи?

Децата на возраст меѓу 7 и 12 години се во идеален период за донесување такви одлуки. А новогодишните одлуки би можеле да им бидат особено интересни ако им го објасните концептот. И не, не мислиме на концептот од првата реченица, туку на спротивното.






На оваа возраст, децата се доволно млади и доволно возрасни за да немаат многу цврсто воспоставени навики, но сепак се токму на возраст кога би можеле да усвојат нови, позитивни. Тие јасно можат да разберат што е новогодишна одлука и да донесат свои, но родителите се тука за да ги водат.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини