И БУБАЧКИТЕ ГИ БОЛИ, ЗАРЕМ НЕ? Хрватските „пријатели на животните“ против одлуката на ЕУ за воведување на инсектите во исхраната
Хрватското здружение „Пријатели на животните“ го оцени како апсурден и лош фактот што Европската комисија на почетокот на јануари одобри пласирање на пазарот на различни прехранбени производи од инсекти, наместо веќе постоечките алтернативи од растително месо.
Откако Европската комисија на почетокот на годинава одобри пласирање на пазарот на различни прехранбени производи од инсекти, хрватското здружение „Пријатели на животните“ на својата веб страница објави дека ја смета оваа одлука за апсурдна.
Тие веруваат дека наместо мелени инсекти, треба да се промовираат добри алтернативи во форма на растително месо базирано на грашок, грав, соја или други мешунки и житарки.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.