ХРИСТИЈАНСТВОТО ВАЖИ И ЗА РОБОТИТЕ Германски суд забрани работа во недела и за автоматизираните продавници

Регионалниот синџир на продавници „Тегут“, кој експериментира со околу 40 целосно автоматизирани продавници, минува низ правна битка бидејќи синдикатот на услужниот сектор „Верди“ верувал дека продавниците кои се отворени постојано може да имаат лоши последици за човечката работна сила.

164

Роботите во супермаркетите, според христијанските принципи, мора да имаат одмор во недела, одлучи судот во германската покраина Хесен, потврдувајќи ја вековната забрана за тргување во недела, објави Фајненшал тајмс.

Регионалниот синџир на продавници „Тегут“, кој експериментира со околу 40 целосно автоматизирани продавници, минува низ правна битка бидејќи синдикатот на услужниот сектор „Верди“ верувал дека продавниците кои се отворени постојано може да имаат лоши последици за човечката работна сила.






Во автоматизираните продавници, клиентите ја оставаат личната карта на влезот, а потоа купуваат и плаќаат за избраниот предмет на касата.

Судот во покраината Хесен се согласи со синдикатот дека автоматизираните продавници не можат да работат во недела, повикувајќи се на 1.700-годишниот христијански принцип на „неделниот одмор“ кој е дел од уставот. Тројцата судии во пресудата јасно кажаа дека неделниот одмор во Германија има пошироко значење од слободен ден.

Притоа, тие укажаа на христијанското потекло на принципите кои пред повеќе од 1.700 години ги прогласил римскиот император Константин Велики. „Неделниот одмор“ е дел од германскиот устав од 1919 година, а одморот го потврди и германскиот Уставен суд.

Синдикатот „Верди“ пред судот рече дека континуираната работа на таквите продавници може да доведе до дополнително олеснување на правилата за тргување во недела и дека на работниците треба да им се гарантира слободен ден за да минуваат време со своите семејства.

Штаб наведува дека имало повеќе кражби во автоматизираните продавници, но дека конечната добивка ги надминала загубите.

Продавниците во Германија не смеат да отвораат во недела. Исклучок се рестораните, железничките станици, аеродромите и бензинските пумпи.

– На нашето општество му треба посебен ден во неделата каде што можете да ги славите христијанските вредности и да поминувате време со семејството и со пријателите – рече Филип Батнер, член од протестантската црква, која лобира против работата во недела.

Сепак, оние кои се залагаат за континуирано работење на автоматизирани продавници сметаат дека работата во недела може да биде од корист за потрошувачите.

– Алтернативата на киосците и на бензинските пумпи може да создаде поголема конкуренција и пониски цени, што ќе биде од корист за потрошувачите – рече економистот Јан Бухел.

Владата на Хесен соопшти дека е подготвена да размисли за правен исклучок за автоматизираните продавници. Одлуката на судот се однесува само на областа на покраината, така што автоматизираните продавници сѐ уште ќе можат да работат во други германски покраини.

 

Поврзани содржини