ХРАНАТА МОЖЕ ДА ИМА ЛЕКОВИТО, НЕУТРАЛНО И ТОКСИЧНО ДЕЈСТВО Приказна која ја раскажуваат отчукувањата на срцето

Според Ајурведата, многу е важно каква храна внесуваме во телото, бидејќи таа може да има лековито, неутрално или токсично дејство. Потребни се години од почетокот на нарушувањето во организмот до појавата на некои симптоми, па затоа ајурведските лекари препорачуваат да се подложиме на пулсова дијагностика и да спречиме посилни дисбаланси кои предизвикуваат сериозни болести, а кои во одредена фаза можат да се доведат во баланс со правилна исхрана

121

Ајурведските лекари го гледаат организмот како целина на која влијаат различни видови енергија кои управуваат со сите физиолошки процеси. Ако сакате да го разберете вашето тело како спој на енергетско, психолошко и физиолошко ниво, прочитајте …

Уметноста на читање на пулсот
Нади Вигјан е древна ајурведска техника за читање пулс која му овозможува на ајурведскиот лекар увид во дисбалансот во телото на физичко и енергетско ниво. Нади значи пулс, а вигјанам значи познавање на пулсот или уметност на читање на пулсот. Читањето на пулсот потекнува од Индија, поточно од Хималаите, каде што просветлените риши (ведски научници) добивале знаење за целиот универзум и живот со отворени и чисти срца во длабока тишина и медитација.






Во текот на неколку илјади години, Ајурведата стана практична и клиничка медицинска наука бидејќи е емпириски потврдена во долг временски период (дури 5.000 години). Ајурведата има уникатна методологија во осум клинички гранки кои помагаат да се одреди состојбата на организмот, и тоа: преглед на пулсот, урина, столица, очи, јазик, говор, кожа и физиолошки преглед. Од сите овие гранки најважен е прегледот на пулсот.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини