ХРАНАТА КАКО ШМИНКА?! Путер и какао наместо пудра, куркума наместо сенка… (ВИДЕО)
Да, да, добро прочитавте… Девојката од видеото подолу за да се нашминка користи исклучиво храна…
Храната и нејзината примена како средство за разубавување, не е новина. На пример, краставици на очи против подочници, банана на лице за смирување на кожата, белка од јајце за затегнување. Но сето тоа што го спомнавме се само природни третмани за разубавување, додека пак ова што го прави оваа девојката во видеото, е сосема поинакво.
За пет минути со намирниците кои тукушто ги испазарила од продавница, таа комплетно се нашминка. Путер и какао наместо пудра, чоколадо наместо коректор, мед за фиксирање на веѓите, јаготка наместо кармин и што уште не.
Повеќе за ова, како и видеото погледнете ги на порталот „Арт кујна“.