ХРАНА ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА ВО АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА Како да зачувате месо во сос од црвено вино или тестенини со доматен сос?

Храната што содржи домати, оцет, цитрусни овошја или вино може да предизвика хемиска реакција со алуминиумот. Кога киселината ќе дојде во контакт со фолијата, се јавува процес на оксидација и површината на фолијата постепено се распаѓа.

230

Храната што не треба да се чува во алуминиумска фолија е тема за која експертите често предупредуваат, бидејќи неправилното складирање може да влијае на квалитетот, вкусот и безбедноста на храната.






Кисела храна – најголем ризик

Една од категориите што спаѓа во категоријата храна што не треба да се чува во алуминиумска фолија е киселата храна. Храната што содржи домати, оцет, цитрусни овошја или вино може да предизвика хемиска реакција со алуминиумот. Кога киселината ќе дојде во контакт со фолијата, се јавува процес на оксидација и површината на фолијата постепено се распаѓа.

На пример, остатоците од храна како месо во сос од црвено вино или тестенини со доматен сос не треба да се чуваат цврсто завиткани во алуминиумска фолија. Таквата реакција може да предизвика лесен метален вкус во храната, а со продолжен контакт, потенцијално ослободување на мали честички алуминиум во храната.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини