ХОРОРОТ ОД НАГАСАКИ ОПОМЕНУВА И ЗА ИДНИНАТА Јапонија и светот се сеќаваат на ужасите од нуклеарните бомби

Градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тауе рече дека нуклеарното оружје може да се користи сè додека постои и дека неговото уништување е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото. Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека можноста оа нуклеарен напад не е само основа за загриженост туку „очигледна и непосредна закана“.

86

Во јапонскиот град Нагасаки денеска се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад на 9 август 1945 година во кој загинаа 74.000 луѓе. Во својот говор во Паркот на мирот градоначалникот на Нагасаки Томихиса Тауе рече дека нуклеарното оружје може да се користи сè додека постои и дека неговото уништување е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото. Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека можноста оа нуклеарен напад не е само основа за загриженост, туку „очигледна и непосредна закана“.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе. Ураниумска бомба со јачина еквивалентна на 13 илјади тони ТНТ (тринитротолуен), создавајќи температура од 3.000 степени Целзиусови во центарот, уништи 70 проценти од Хирошима. Атомската бомба со земја го срамни подрачјето широко 1,5 километри. Во првата фаза починаа 80.000 луѓе, а до крајот на 1945 година бројот на лицата што ги загубија своите животи се искачи на 140.000.






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tри дена по доцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки. Моќта на бомбата, фрлена од 500 метри висина, била еквивалентна на 22 илјади тони ТНТ. Во првата фаза загинаа околу 70.000 луѓе, а половина од градот Нагасаки беше уништен. Голем број повредени во бомбардирањето починале без да добијат лекарска помош. Исто така од радиоактивниот дожд животот го загубиле и многу луѓе кои отишле во градот да помогнат.
На настаните им претходеа напнати политички настани. На крајот на јули 1945 година Велика Британија, Кина и САД, со „Декларацијата од Потсдам“ ја повикаа Јапонија да се предаде, на што Токио одговори дека нема да се „предаде безусловно“. На почетокот на август Јапонија ѝ предложи „преговарачки мир“ на Алијансата, но предлогот не беше прифатен. Набргу потоа, на 6. август, понеделник, беше бомбардирана Хирошима, а во четврток Нагасаки.

 

 

Градовите беа буквално разорени. Според Американците, бројот на загинати од атомските бомби изнесувал 117.000 лица, а според Јапонците, животот го загубиле близу половина милион луѓе. Атомските бомби оставија ужасни последици и кај преживеаните.

Тогашниот американскиот претседател Хари Труман изјави дека причините за употребата на атомските бомби се советската закана во Источна Азија, која ја спореди со заканата за Источна Европа, претходно. Бомбите ја таргетирале Хирошима поради стратешката важност на овој град поради воените бази на негова територија, а Нагасаки поради тешката индустрија во тој град.

Бомбардирањето на Нагасаки и официјално стави крај на тековните војни во Пацификот. Тогашниот јапонски император Хирохито, во својата порака на 15 август рече дека „продолжувањето на војната ќе ја уништи јапонската нација“ и прогласи безусловно предавање на неговата земја.

Атомските бомби ставија крај на војната, но последица од нив беше трансформација на меѓународните односи. САД и Советскиот Сојуз ги унапредија технологиите за изработка на се помоќни нуклеарни бомби и нивно монтирање на интерконтинентални балистички ракети. Светот зачекори во ерата на Студена, кога двете нуклеарни сили немаа храброст директно да војуваат едни со други.

 

Поврзани содржини