ХОЛИВУД НА НОЗЕ, 160.000 АКТЕРИ ПРОТЕСТИРААТ Историскиот штрајк може да трае до крајот на годината!

Тие предлагаат нашите камео актери и статисти да се скенираат, да бидат платени еден работен ден и компанијата засекогаш да го користи тоа скенирање на нивниот лик. Ако мислите дека тоа е предлог, размислете уште еднаш, велат од Здружението на актери.

397

160.000 актери штрајкуваат во Холивуд и бараат поправедна распределба на профитот, подобри работни услови и хонорари од стримигн услугите, но и да не бидат злоупотребувани од вештачката интелигенција. Актерите бараат нивните гласови да не бидат заменувани од дигитална копија.

Во таа насока, големите филмски студиа понудија предлог кој ќе ја заштити „дигиталната сличност“ на актерите и ќе бара согласност од изведувачите кога се користат дигитални реплики или се прават промени на карактерите.






– Тие предлагаат нашите камео актери и статисти да се скенираат, да бидат платени еден работен ден и компанијата засекогаш да го користи тоа скенирање на нивниот лик. Ако мислите дека тоа е предлог, размислете уште еднаш – велат од Здружението на актери.

Но, Сојузот на филмски и телевизиски продуценти ја одби оваа понуда.

Ѕвездата на „Succession“, Брајан Кокс, рече дека неодамна прогласениот штрајк на холивудските актери може да биде „многу непријатен“ и да трае до крајот на годината, носејќи ги актерите „на работ“.

Актерите Силијан Марфи, Мет Дејмон и Емили Блант, кои во четвртокот ја напуштија премиерата на новиот филм на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ во Лондон, му дадоа голем медиумски одзив на штрајкот.

Голем број познати актери се огласија на Инстаграм за да го поддржат штрајкот, вклучувајќи ги Боб Оденкирк, ѕвездата од Сексот и градот Синтија Никсон и холивудскиот ветеран Џејми Ли Кертис.

Холивудските ѕвезди нема да можат да промовираат нови филмови кои доаѓаат во кината, а големите настани како EMI наградите или Comic-Con најверојатно ќе бидат одложени.

Двојниот штрајк во Холивуд е прв од 1960 година, кога Здружението на актерите на екранот го предводеше Роналд Реган, долго пред да стане претседател на САД. Последниот штрајк на актерите се случи во 1980 година.

Поврзани содржини