ХОЛЕСТЕРОЛОТ ОД ЈАЈЦАТА СЕПАК НЕ ГИ ЗАТНУВА АРТЕРИИТЕ Што велат истражувањата?
Повеќето луѓе можат да јадат едно цело јајце на ден без да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар или други проблеми. Но, ако сте во „ризичната“ група, не треба да јадете повеќе од три цели јајца неделно.
Иако со години се шпекулира дека холестеролот од јајцата е главната причина за затнати артерии, група научници од Харвард го негираат тоа.
Научниците спровеле студија со 117.000 медицински сестри, кое траело 14 години. Резултатите од студијата покажале дека нема разлика во ризикот од срцеви заболувања кај испитаниците кои јаделе во просек по едно јајце неделно и испитаниците кои јаделе повеќе од едно јајце дневно.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.