ХОЛАНДСКА КОМПАНИЈА ПРАВИ КОЖА ОД МАНГО Борба против отпадот од храна и брзата мода
Оваа револуционерна веганска кожа е произведена од илјадници плодови манго кои инаку би завршиле како отпад.
Холандската компанија по име Fruitleather го привлече вниманието на светот со својот иновативен производ – веганска кожа од мангo. Ко-основачите Хуго де Бун и Коен Меркерк за првпат излегоа со концептот за Fruitleather во 2015 година, со визија да го намалат отпадот од храна и во исто време да придонесат за eколошки прифатлива кожна индустрија.
Оваа револуционерна веганска кожа е произведена од илјадници плодови манго кои инаку би завршиле како отпад. Наместо тоа, Fruitleather го претвора овој овошен вишок во материјал што се користи за правење паричници, торби и чевли. Процесот на производство започнува со собирање околу 1.500 манга секоја недела од холандските увозници.
Повеќе за ова, како и видеото од производството на оваа веганска кожа, можете да ги видите ТУКА.