КОЛКУ Е ОПАСНА ХЕЗБОЛАХ? Организацијата поседува напредни дронови, ракети и свои министри во Либан

Хезболах може да се пофали со оружје, вклучувајќи прецизни ракети и беспилотни летала, и тврди дека може да ги погоди сите делови на Израел. Во 2021 година, лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах рече дека групата брои 100.000 борци. Организацијата има министри и пратеници во парламентот на Либан, а е финансирана од Иран.

2,098

Пет недели Израел водеше војна со милитантната група Хезболах од Либан во 2006 година – истата група за која сега светот стравува дека може да се вклучи во војната и да ја поддржи палестинската единица Хамас против Израел. Хезболах е поддржан од Иран. Претстави на групата изјавија дека се подготвени да помогнат во војната „кога ќе дојде време“. Со тоа тие го потврдија стравот на САД и на сојузниците од ескалација.

Светската здравствена организација објави дека испратила две пратки со медицинска опрема и лекови во Бејрут како дел од подготовките за потенцијална ескалација на досегашните спорадични гранични судири, јавува Хил. Светот стравува дека израелско-палестинскиот конфликт ќе се прошири и во Либан, каде што дејствува забранетата милитантна група Хезболах. СЗО од Дубаи во Бејрут пратиле „доволно хируршка опрема, лекови за траму и материјали за потребите на 800 до 1.000 пациенти“, пренеса агенциите.






Што знаеме за организацијата финансирана од  Иран која е инспирација за другите паравојски во регионот?

Чедото на Иран

Шиитската организација беше организрана од страна на Иран, односно на Иранската револуционерна града во 1982 година. Во тоа време во Либан беснееше граѓанска војна – таа траеше од 1975 година, а заврши дури во 1990. Иран со формирањето на Хезболах се надевал дека со ова ќе ја спречи израелската инвазија на Либан.

Групата од обична фракција почна да има големо влијание во Либан. Западните земји, пак, ја прогласија Хезболах за терористичка организација.

100.000 борци, дронови и прецизни ракети

И додека другите групи се разоружаа по граѓанската војна во Либан, Хезболах го задржа своето оружје. Со оружје герилски се бореше против израелските сили на југот на земјата. Израел се повлече од борбите во 2000 година.

Но, во 2006 година Хезболах премина во Израел и киднапираше двајца војници и уби други. Се отвори војна која траеше пет нeдели. Хезболах покажа дека воено напреднала. Во тие пет недели Хезболах истрела илјадници ракети кон Израел. Загинаа 158 Израелци, повеќето војници, но и 1.200 луѓе од Либан, главно цивили, пишува Ројтерс.

Воената моќ на Хезболах растеше. Групата се распореди и во соседна Сирија за да му помогне на претседателот Башар ал Асад во борбата против претежно сунитските муслимански бунтовници.

Хезболах може да се пофали со оружје, вклучувајќи прецизни ракети и беспилотни летала, и тврди дека може да ги погоди сите делови на Израел. Во 2021 година, лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах рече дека групата брои 100.000 борци.

Иран му дава оружје и пари на Хезболах. Соединетите Американски Држави проценуваат дека Иран му одвојувал стотици милиони долари годишно во последните години.

Така, Иран, Либан и Сирија станаа сојузници.

 

Длабоките врски со Хамас

Хезболах има длабоки врски со Хамас, организацијата кој ја контролира Газа во Израел. Хезболах исто така има врски со Исламски џихад, друга палестинска фракција поддржана од Иран.

На 7 октомври, кога војната во Израел започа, Хезболах соопшти дека е во „директен контакт со раководството на палестинскиот отпор“. Тој ден Хамас изврши изненадувачки напад врз Газа во кој загинаа 1.300 луѓе. Потоа Израел одговори со воздушни напади во кои загинаа повеќе до 2.750 луѓе.

Од 7 октомври, Хезболах разменил прекуграничен оган со Израел многу пати. Хамас и Исламски Џихад, кои и двете имаат присуство во Либан, за првпат организираа напади врз Израел од Либан, вклучително и прекугранична инфилтрација на Исламски џихад во Израел на 10 октомври.

Цачи Ханегби, советникот за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на 14 октомври рече дека се чини дека непријателствата се воздржани. Ханегби го предупреди Хезболах да не презема мерки што би можеле да доведат до „уништување“ на Либан.

Инспирација за другите паравојски во регионот

Хезболах беше извор на инспирација и поддршка за другите групи поддржани од Иран низ Блискиот Исток. Таа обучуваше вооружени групи во Ирак и учествуваше во борбите таму.

Саудиска Арабија вели дека Хезболах исто така се борел за поддршка на Хутите во Јемен, сојузници на Иран. Хезболах го негираше ова.

Имаат министри, пратеници…

Влијанието на Хезболах е поткрепено со неговиот софистициран арсенал и поддршката на многу либански шиити кои велат дека групата го брани Либан од Израел. Хезболах има министри во владата и пратеници во парламентот.

Либанските партии спротивставени на Хезболах велат дека групата ја поткопала државата и ја обвинуваат дека еднострано го вовлекува Либан во вооружени конфликти.

Судот поддржан од ОН осуди тројца членови на Хезболах во отсуство за атентатот. Хезболах негира каква било улога, опишувајќи го судот како алатка на неговите непријатели.

Дали Хезболах стои зад напади врз западни цели?

Во 1980-тите групи поврзани со Хезболах вршеле самоубиствени напади врз запани цели. Во еден од тие напади врз седиштетот на американските маринци во 1983 година, убиени беа 241 војник. Во друг напад, загинаа 58 француски падобранци. Водачот на Хезболах, Насралах, во интервју во 2022 год рече дека нападите ги извршиле малу групи кои не се поврзани со Хезболах.

И Аргентина ја смета Хезболах за терористичка организација.

Земјата ги обвинува Хезболах и Иран за бомбашкиот напад во 1994 година во центарот на еврејската заедница во Буенос Аирес, во кој беа убиени 85 лица, како и за нападот врз израелската амбасада во Буенос Аирес во 1992 година, во кој загинаа 29 лица. И Иран и Хезболах ја негираа одговорноста за нападите.

 

Поврзани содржини