ХАРТИЕНИТЕ СЛАМКИ МОЖЕБИ НЕ СЕ ПОДОБРИ ОД ПЛАСТИЧНИТЕ! Научниците откриле штетни хемикалии во повеќето алтернативни видови на цевки за пиење

Долготрајните „вечни хемикалии“, кои се потенцијално штетни за луѓето, животните и животната средина, се пронајдени во 18 од 20 видови хартиени сламки, открија белгиските научници. Освен хартиени, во истражувањето биле опфатени сламки од бамбус, стакло, пластика и нерѓосувачки челик и како најбезбедни се покажале последните

126

Научна студија покажа дека таканаречените еколошки хартиени сламки содржат долготрајни и потенцијално токсични хемикалии, поради што можеби не се подобри за животната средина од пластичните верзии, известуваат повеќе странски медиуми, меѓу кои и NBC News.

Сѐ поголем број земји, како што се Велика Британија и Белгија, ја забрануваат продажбата на пластични производи за еднократна употреба, вклучително и сламките. Меѓутоа, белгиските научници тестирале 20 видови хартиени сламки, а во 18 од нив биле пронајдени таканаречените вечни хемикалии кои траат долго и можат да бидат штетни за луѓето, животните и животната средина.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини