📷 ХАМАС ОБУЧУВА ДЕЦА ЗА ВОЈНА Објавени шокантни снимки од воените кампови

Според податоците на УНИЦЕФ, во периодот помеѓу 2005 и 2022 година, повеќе од 105.000 деца биле регрутирани и одведени во војна, иако регрутирањето и користењето на деца под 15-годишна возраст како војници е забрането со меѓународното хуманитарно право, а Меѓународниот кривичен суд го дефинира како воено злосторство.

3,004

 

Повеќе од две недели по ненадејниот напад на Хамас врз Израел, има информации дека терористичката група тренира деца за војна, пишува News.com.au.






Снимките од камерите прикачени на воените униформи кои се споделени на израелскиот Телеграм канал South First Responders (SFR) покажуваат деца облечени во униформи кои се обучуваат во воени кампови.

Според SFR, снимката е „доказ за клиничката индоктринација на палестинските деца во нешто што изгледа како воен камп“.

„Материјалот снимен од GoPro и другите камери покажува како терористичката група подготвува и мотивира момчиња да извршуваат задачи против цивили“ – додаваат тие.

Снимките се извадени на камери кои биле пронајдени кај убиените милитанти, но сепак е важно да се нагласи дека ниту тврдењата на Израел ниту на Хамас не се секогаш целосно веродостојни, пренесуваат медиумите.

На една слика, група момчиња од различни возрасти седат на земја облечени во воени униформи и држат оружје, додека група возрасни облечени во црно стојат пред нив.

Холи Кален, вонредна професорка по право на Универзитетот во Западна Австралија, рече дека не е изненадување што Хамас обучува деца за војна.

– Учеството на децата во Интифадата (палестинското востание), главно кога фрлаат камења, е вообичаена глетка во отпорот на израелската окупација. Затоа не е чудно што сега некои групи милитанти отидоа чекор подалеку – вели Кален.

Во 2004 година, Амнести интернешнал ги повика палестинските милитантни групи, вклучувајќи ги Хамас, Исламскиот џихад и Бригадата на мачениците Ал Акса  „да престанат да ги вклучуваат децата во нивните активности“. Тоа се случи откако 16-годишно момче наоружано со експлозив било фатено во обид да помине на израелски контролен пункт.

„Користењето на деца за извршување или помагање во вооружени напади од секаков вид е одвратно. Го повикуваме палестинското раководство јавно да ја осуди оваа практика“ – истакнаа тогаш од Амнести интернешнал.

Регрутирањето и користењето на деца под 15-годишна возраст како војници е забрането со меѓународното хуманитарно право, а Меѓународниот кривичен суд го дефинира како воено злосторство.

-Иако децата можат насилно да се регрутираат, често децата кои живеат на места каде што има активен вооружен конфликт доброволно се поврзуваат со вооружени групи. Затоа, вооружените групи ќе го искористат ова и ќе ги обучуваат и ќе ги користат во битки – истакнува професорката Кален.

Во повеќе од десетина земји, децата се користат како војници, вклучувајќи ја и Уганда, каде Божјата армија на отпорот, предводена од Џозеф Кони, киднапираше 35.000 деца и ги испрати во битка.

Според податоците на УНИЦЕФ, во периодот помеѓу 2005 и 2022 година, повеќе од 105.000 деца биле регрутирани и одведени во војна.

 

Поврзани содржини