ГУГЛ МАПС ОБВИНЕТИ ДЕКА ГИ ЗАМАГЛИЛЕ РУСКИТЕ БАЗИ Не сме направиле никакви промени во нашите сателитски снимки (ФОТО)

Написот на Тhe Verge заклучува дека овие локации биле видливи пред Русија да ја започне својата воена кампања против Украина кон крајот на февруари. Порталот пишува и дека голем број слични инсталации во други земји, вклучително и во САД, може слободно да се видат на Гугл Мапс.

615

Гугл утринава негираа дека направиле какви било промени во начинот на кој ги прикажуваат стратешките воени објекти на Русија на својата услуга „Гугл Мапс“, откако вчера на Твитер беа обвинети дека ги замаглиле, односно ги пикселизирале аеродромите, пристаништата, сликите од бродови…

 






Објавата содржи четири слики, од кои две се чини дека прикажуваат воени аеродроми со неколку стационарни борбени авиони, додека другите две прикажуваат нешто што личи на воени бродови на морнарицата. Во твитот се тврди дека „сега секој може да види различни руски фрлачи, силоси за интерконтинентални балистички ракети, командни пунктови и тајни дострели со резолуција од околу 0,5 метри по пиксел”.

Објавата утринава беше ретвитувана скоро 2.500 пати и цитирана од неколку медиуми. Еден од извештаите го привлече вниманието на Гугл Мапс, па тие веднаш ја демантираат веста.

„Не сме направиле никакви замаглени промени на нашите сателитски снимки од Русија“, напишаа од Гугл.

Порталот The Verge директно се обрати до Гугл за коментар во понеделникот. Во е-пошта, портпаролот на технолошкиот гигант, Женевиев Парк, потврди дека компанијата „не направила никакви замаглени промени на нашите сателитски снимки во Русија.

Според „​The Verge, барем една од сликите прикажана во оригиналниот твит е навистина достапна на Гугл Мапс, прикажувајќи го она што го опиша како „ активна руска воена локација“. Згора на тоа, новинарите велат дека успеале да лоцираат уште неколку воени објекти во Русија со помош на Гугл Мапс.

Написот на Тhe Verge заклучува дека овие локации биле видливи пред Русија да ја започне својата воена кампања против Украина кон крајот на февруари. Порталот пишува и дека голем број слични инсталации во други земји, вклучително и во САД, може слободно да се видат на Гугл Мапс.

Сепак, во написот се споменува дека сликите биле многу пикселизирани во некои случаи, како на пример во случајот со воздухопловната база „705“ на француските воздухопловни сили на периферијата на местото Тур.

Поврзани содржини