ГУГЛ ЌЕ ГИ БРИШЕ НЕАКТИВНИТЕ ПРОФИЛИ Еве како да си ги сочувате мејлот и другите сметки
Како да го сочувате својот профил? За да се избегне бришење, корисникот треба да се најавува најмалку еднаш во две години. Покрај тоа, постоечките претплати што се поврзани со сметка на „Гугл“ придонесуваат за одржување на активниот статус на профилот.
„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“, „Драјв“ и „Фото“ што не се користат. Тоа, како дел од безбедносните мерки за заштита на корисниците.
„Гугл“ истакнува дека овие занемарени профили се подложни на кибер-напади и злоупотреби на податоците, идентитет, но и можна плодна почва за проток на спам или злонамерна содржина, па потфатот цели да се справи со ранливоста на профилите кои имаат застарени или ре-употребени лозинки.
Бришењето ќе се сосредоточи на профилите што се неактивни две години. Ова важи само за личните профили на корисници-поединци, а не и за оние на компании, училишта и други институции.
Како да го сочувате својот профил? За да се избегне бришење, корисникот треба да се најавува најмалку еднаш во две години. Покрај тоа, постоечките претплати што се поврзани со сметка на „Гугл“ придонесуваат за одржување на активниот статус на профилот.
Овој проактивен пристап ги охрабрува корисниците и поредовно да ги користат услугите на „Гугл“, спречувајќи или отежнувајќи ги и на овој начин можните злоупотреби.