📽 ГУГЛ ЌЕ СЕ НАПОЈУВА НА НУКЛЕАРЕН ПОГОН Вештачката интелигенција бара многу струја

„Гугл“ планира „брзо и безбедно“ да ги поврзе првите мали модуларни реактори (SMR) на калифорниската компанија „Каирос повер“ на мрежата до 2030 година и да инсталира повеќе реактори до 2035 година, се вели во соопштението објавено денеска.

219

Вештачката интелигенција бара многу струја, а компанијата Гугл сака да биде климатски неутрална до 2030 година. Тоа е причината што Гугл планира да ги напојува своите центри за податоци со „чиста“ струја од нуклеарна енергија, пишува „Фајненшл Тајмс“.

Со овој потег Гугл ги следи чекорите на гигантите Амазон и Мајкрософт кои исто така потпишаа договори со нуклеарни централи за снабдување на своите центри на податоци.






Уделот на „чиста“ електрична енергија во центрите за податоци и канцелариите на Гугл минатата година изнесуваше 64 отсто, но емисиите на јаглерод диоксид се зголемија за 13 отсто пред една година.

Гугл планира „брзо и безбедно“ да ги поврзе првите мали модуларни реактори (SMR) на калифорниската компанија „Каирос повер“ на мрежата до 2030 година и да инсталира повеќе реактори до 2035 година, се вели во соопштението објавено денеска.

 

– Договорот ќе обезбеди вкупно до 500 мегавати нова енергија без јаглерод за американската електрична мрежа и ќе им помогне на повеќе заедници да уживаат во придобивките од чистата и достапна нуклеарна енергија – вели директорoт во Гугл, Мајкл Терел.

Во интервју за „Фајненшл Тајмс“, Терел рече дека нивниот план е да користат шест или седум електрани. Се’ уште не е јасно дали струјата од реакторот ќе влезе во мрежата или директно во центрите за податоци.

Исто така не е јасно дали Гугл ќе ја кофинансира изградбата на електраните.

Она што ги издвојува реакторите на „Каирос“ е дека се ладат со стопени флуоридни соли, што, според компанијата е побезбедно од конвенционалните реактори бидејќи не вклучува загревање до точка на вриење.

 

Поврзани содржини