ГРАДОНАЧАЛНИК Е ВЕЌЕ 47 ГОДИНИ И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ КАНДИДАРА! Бугарин урива рекорди
Митев смета дека изградбата на армирано-бетонски мост над локалната река на почетокот на 1980 година е негово најголемо достигнување.
Делчо Митев од бугарското село Брјагово, кај Хасков, веќе 47 години е градоначалник односно кмет, но планира на следните избори наесен повторно да се кандидира.
Тој „владее“ со селската општина во кратки мандати до 1989 година и со долги мандати до денес, а бил и привремен градоначалник во еден мандат, околу 1990 година – пишува бугарски „Сега“.
Во неговата кариера непријатна работа се случила во 2003 година кога ги загубил изборите, но тие били поништени поради махинациите на неговиот конкурент. Во повторените избори тој победил и повторно го добил мандатот за градоначалник.
Митев смета дека изградбата на армирано-бетонски мост над локалната река на почетокот на 1980 година е негово најголемо достигнување. Објектот го заменил стариот дрвен мост кој во една зима беше поплавен и селото беше отсечено од светот.
„За Бај Делчо се вели дека е икона на БСП во регионот. Досега покажа добра форма. И воопшто не е чудно што наесен реши повторно да се кандидира за функцијата“ – пишува бугарски „Сега“.