ГРАДИНКА ИЛИ БАБА И ДЕДО СЕРВИС? Зошто одењето во установа за деца е важно за нивниот развој и иднина?

Социјализацијата е веројатно најголемата придобивка од одењето во градинка бидејќи токму преку стекнување ставови и системи на вредности се создава подлога за емоционален и интелектуален раст на детето. Воспитувачите и другите експерти знаат дека социјализацијата е клучот за успехот и на лично и на социјално ниво.

178

Со тргнување во градинка детето првпат се среќава со средина во која се спроведува структурирано учење и се престојува во поголеми групи. Сè што дотогаш совладало, детето го научило главно од родителите и од поширокото семејство преку имитирање и набљудување.

Но, во градинка е сосема поинаку. Детето е изложено на различни активности за учење во поголем тим, а особено е нагласена важноста на социјализацијата поради неговиот престој во тимот. Сите вештини што ги учи се многу важни за неговата благосостојба подоцна во животот.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини