ГРАДИ ГРАД ИЛОН МАСК Во Тексас неговите вработени ќе живеат во посебна населба
Вработените ќе можат да живеат овие куќи со две до три спални, заеднички базен и тератана за 800 долари месечно, кирија која е далеку пониска од 2.200 долари кои се бараат во Остин во Тексас. И Маск ќе има своја резиденција во гратчето.
На 3.500 хектари близу Остин во Тексас, на југот во САД треба да никне цел град наречен Снејлбрук, во превод, Град на полжавите. Ова идилично соседство ќе го гради Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на планетата за вработените во своите компании. И не, нема ништо да биде бавно како полжав во овој град, напротив…Полжавот е само за да потсетува на логото на познататa БорингКомпани која исто така ја поседува Маск. Тоа е онаа компанија со која тој сака да направи подземен хипервоз.
Волстрит Џурнал пишува дека 110-те куќи во градот ќе имаат две до три спални со заеднички базен, отворен спортски простор и теретана. Маск испланирал и резиденција за себеси во околината, но секако, подалеку од вработените и многу поприватно. Во близина се реката Колорадо и големото складиште на Боринг Компани и на Тесла.
Купеното земјиште во Тексас е колку четири паркови како Централ паркот во Њујорк. Вработените кои ќе сакаат да живеат овде ќе треба да плаќаат кирија од 800 долари месечно. Тоа и не многу ако се спореди со цената на другите лукзусни куќи во соседството за кои киријата се движи околу 2.200 долари.
Некои луѓе ја критикуваат идејата на Маск и ја споредуваат со една катастрофа што се случила во минатиот век. Многу компании за челик, јаглен и текстил граделе вакви населби за своите вработени. Во нив дури имало и училишта за деца како и посебна парична валута.
Она што се случило е дека супермаркетите во населбите почнале нагло да ги креваат цените со оваа валута во споредба со цените надвор од населбите.
Исто така, во случајот со училиштата, некои луѓе реагираат дека тоа што ќе се учи во нив исто така е под контрола на компанијата која ја гради населбата.