📽 ГРАЦИОЗНАТА ЈАХТА КОЈАШТО ПУТИН ЈА СОЧУВА Еве што содржи и како ја спасија од санкции

Во јуни 2023 година реставрираната јахта пристигнала од Калининград во Санкт Петербург. Тимот на Навални тврди дека јахтата моментално е на пат за Сочи и е под специјална придружба на руските тајни агенции.

346

Јахтата „Gracefull“, односно „Грациозна“ е една од трите големи јахти кои од санкции успеа да ги спаси рускиот претседател Владимир Путин. Тимот на неговиот политички соперник, Навални, објави материјал и видео од внатрешноста на јахтата за која тие велат дека била итно транспортирана од Германија за да не биде конфискувана во западните мерки за војната во Украина, пренесува Индекс.

Јахтата биле реставрирана по моделот на другите јахти „Шехерезада“ и „Олимпија“. Работата била довршена откако јахтата биле доведена во Русија, со тоа што биле заобиколени и санкциите за реставрација.






Всушност, јахтата „Грациозна“ била под американски санкции неколку месеци по почетокот на војната, но тие биле успешно заобиколени со помош на соработници во Европа, Турција и Дубаи. Во јуни 2023 година реставрираната јахта пристигнала од Калининград во Санкт Петербург. Тимот на Навални тврди дека јахтата моментално е на пат за Сочи и е под специјална придружба на руските тајни агенции.

Друга од трите големите јахти, „Шехерезада“, ја немала таа среќа. Беше запленета во пристаништето Марина ди Карара во Италија.

Престижен телефон наменет само за тајните служби

Еден од доказите дека „Грациозна“ е наменета за Путин, тврдат од тимот на Навални, е тоа што бродот превезува членови на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Во септември 2022 година „Грациозна“ била забележана во естонските води на пат од Санкт Петербург до Калининград, придружувана од брод на руската крајбрежна стража под команда на ФСБ.

Пловниот објект е познат под кодното име Косатка (Кит-убиец).

Канцеларијата на сопственикот на јахтата е опремена со Престиж-ЦБ (Prestige-CB), специјален телефон за комуникација кој не може да се купи, а властите можат да го користат за строго доверлива комуникација.

 

Клавири, тркалезна маса за 12 лица, камин…

Соработниците на Навални го добиле планот на палубата на јахтата „Грејсфул“, како и проценката за поправки. На отворената палуба има хелиодром, салон со тркалезна маса за 12 лица, лифт и голема када.

На палубата, каде што се наоѓа и капетанската палуба, има дневна соба со клавир, три софи и телевизор.

Палубата на сопственикот има базен кој може да се претвори во подиум за танцување или кино. Истиот дизајн е и на јахтата „Шехерезада“. На оваа палуба има трпезарија со маса за 12 лица и камин. Има и дел за сопственици со две огромни кабини.

Има машки и женски кабини. Во главната спална соба има огромен кревет врамен со столбови. Во просторијата до спалната соба има канцеларија со специјален телефон и макета од јахтата „Шехерезада“.

Од кабината на сопственикот можете да се спуштите по скалите до вежбалната, каде што има справи од американската компанија „Хоист“. Кабините за гостите и екипажот се наоѓаат на истата палуба. Има и неколку скутери на вода и два чамци.

Речиси 30 милиони евра за ремонт

Реновирањето вклучувало пребојување на трупот, замена на хелиодромот и палубата, поставување лежалки и чадори, поправка на мебел, полирање мермер, работа на лифтови, базен и џакузи, опремување нова кабина за сопственикот.

Опремувањето на јахтата, само во 2022 година, чинело 32 милиони долари или 29,5 милиони евра.

Дрвените производи чинат 240 милиони рубли, што по сегашниот курс е околу 2,3 милиони евра, софа – 4 милиони рубли (39.000 евра), теписи – 6 милиони рубли (58.000 евра), масичка за кафе – речиси 8 милиони рубли (77.000 евра), монтажа на два камина на палубата – 10 милиони рубли (97.000 евра) и базенот поврзан со јахтата – 208 милиони рубли (околу 2 милиони евра).

За „Грејсфул“ се купени скапи садови, чешел од 11.000 рубли и три специјални чадори за самоодбрана, од кои секој чини 1,2 милион рубли, или околу 11.600 евра.

За да избегнеш санкции треба да издадеш иста фактура повеќе пати

Уште во септември 2021 година се расипал системот МТУ со екрани кои овозможуваат приспособување на параметрите на моторот. Естонската компанија „Бриз марин“ се согласила, не само да ги купи и да ги донесе во Русија екраните за јахтата на Путин, туку и да помогне во нивното репрограмирање. Естонски посредник ја презел опремата во Санкт Петербург, нашол курир кој однел сè во фабрика во Германија, а во пролетта 2023 година поправената опрема била вратена во Русија.

Италијанските добавувачи ги продолжиле деловните односи со компанијата која е формален сопственик на јахтата и покрај санкциите. Сите компромитирачки детали се изоставени од документацијата. Фактурата била обработена неколку пати: прво била издадена на руската компанија која стопанисува со јахтата, потоа на естонската компанија и на крајот фактурата ја платила компанијата од Дубаи. По плаќањето, стоката била испратена од Италија во Литванија за да биде испорачана оттаму во Калининград, директно на јахтата.

Специјалните чадори за јахтата пристигнале во Калининград преку Турција и Литванија.

По руската инвазија на Украина, естонската компанија забележа нагло зголемување на приходите, пишува тимот на Навални и додава дека има намера да поднесе жалба против секоја од овие компании.

Тимот на Навални нагласува дека за време на војната се потрошени 3 милијарди рубли (29,5 милиони евра) за „играчката на Путин“, од кои две милијарди (повеќе од 19 милиони евра) се потрошени за поправки и уште една милијарда (речиси 10 милиони евра) за плати за екипажот, директорите, комуникацијата, складирањето во суво пристаниште, гориво и репрезентативни трошоци.

 

Поврзани содржини