СВЕТСКАТА БИТКА ЗА ЧИПОВИТЕ СЕ СЕЛИ ВО ПОЛСКА „Интел“ инвестира, Бајден уште нема мира
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја нарече изградбата на фабриката Интел „најголемата гринфилд инвестиција во историјата на Полска“.
Американскиот производител на чипови Интел денеска објави дека ќе инвестира до 4,6 милијарди долари во нова постројка за склопување и тестирање на полупроводници во Полска, во близина на градот Вроцлав, јавува Ројтерс.
Плусинфо веќе пишуваше за клучната фабрика ТМСЦ во Тајван чие производство може да сопре ако избие војна во Тајванскиот Теснец. Се чини дека планот на САД за преместување на центарот за производство на чипови ќе започне во Полска. Но, истовремено, продолжува битката за „белото злато“, литиум и ретки метали на други континенти…
Исто така, неодамна изби информацијата дека американскиот претседател Џо Бајден на самитот на Г7 во Јапонија во мај да ги ограничат своите инвестиции во кинеската одбранбена индустрија, по терк на декретот кој неодамна тој го потпиша, а кој ги сакнционира областите на полупроводници, вештачка интелигенција и квантно пресметување. Алијансата „Чип 4“ која САД сака да ја иницира со Јапонија, Јужна Кореја и со Тајван уште е во зародиш.
Пекинг ја нарече иницијативата економска принуда и забрани користење на американските чипови „Микрон“ како контрамерка.
Што се однесува до инвестицијата на Интел во Полска, тоа е дел од планот за Европа што компанијата го објави минатата година, вклучувајќи изградба на голем комплекс за производство на чипови во Германија и фабрики во Ирска и Франција, насочени кон релаксирани регулативи за финансирање и субвенции од Европската комисија.
Фабриката во Полска ќе вработи 2.000 работници и ќе отвори неколку илјади дополнителни работни места во фазата на изградба и регрутирање добавувачи, се вели во соопштението на компанијата. Проектирањето и планирањето на фабриката започнува веднаш, додека изградбата ќе започне по добивањето на дозволата од Европската комисија.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја нарече изградбата на фабриката Интел „најголемата гринфилд инвестиција во историјата на Полска“. Американската компанија е присутна во Полска веќе 30 години, каде што вработува 4.000 работници. Тие ја избраа Полска поради инфраструктурата и експертите, вели Интел, истакнувајќи дека локацијата на новиот објект е блиску до планираната фабрика во Германија и онаа во Ирска.
Се очекува новата фабрика да биде пуштена во употреба до 2027 година. Предводен од извршниот директор Пет Гелсинџер, Интел инвестира милијарди во изградба на фабрики на три континенти за да ја врати својата доминантна позиција во производството на чипови и поуспешно да се натпреварува со конкурентите AMD, Nvidia и Samsung.
Интел планира да инвестира до 100 милијарди долари во изградба на потенцијално најголемиот светски комплекс за производство на чипови во американската држава Охајо, потсетува Ројтерс.
БАЈДЕН ПЛАНИРА ДА ЈА СОПНЕ КИНА НА ЧИПОВИТЕ Ги убедувал земјите од Г7 за оваа идеја