БОЛЕСТИТЕ ЌЕ СЕ ОТКРИВААТ ПРЕД ЛУЃЕТО ДА СЕ РАЗБОЛАТ Новите наоди ќе помогнат во истражувањата за стареењето и лекувањето

Проектот UK Biobank ќе сподели милијарда слики од органи, крвни садови и коски за да помогне во истражувањата за стареењето и болестите.

127

Научниците веруваат дека благодарение на снимањето од глава до пети на 100.000 луѓе, тие ќе добијат најдлабок увид досега во процесот на стареење и првите знаци на болестите – станува збор за најголемиот светски проект за снимања на целото тело.

Завршувањето на 10-годишниот проект значи дека квалификуваните истражувачи во дел од светот ќе имаат пристап до милијарди анонимизирани скенирања на срцата, мозокот, абдоменот, крвните садови, коските и зглобовите на волонтерите – заедно со нивните медицински картони, генетски податоци и информации за нивното здравје и начин на живот.






Некои од скенирањата собрани од UK Biobank – проект кој го следи здравјето на половина милион луѓе во Велика Британија – веќе довел до важни откритија. Истражувањата покажале дека срцето може да влијае на развој на ментални нарушувања и дека скенирањата можат да го предвидат почетокот на десетици различни болести. Анализата, исто така, потврдила дека ниедна количина алкохол не е добра за здравјето.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини