📸🎥 ГОЛ ТАНЦУВАЛ НА СИНДИКАЛНА БОЖИЌНА ПРОСЛАВА Бонус тепачка со бендот на журката на синдикатот за загрепскиот јавен превоз

387

Божиќната прослава на синдикатот на вработените во загрепскиот јавен превоз (ЗЕТ), замислена како празнично дружење и опуштање пред крајот на годината, се претвори во настан што деновиве е главна тема во хрватската јавност.

Прославата се одржала во сала во близина на Загреб и на неа присуствувале околу 460 членови и гости. Наместо мирна празнична атмосфера со музика и честитки, журката излегла од контрола, а дел од сцените биле снимени и брзо се проширија на социјалните мрежи.






>

Гол маж танцува на маса на прославата на синдикатот на јавниот превоз на Загреб за Божиќ 2025

Е ова е „гол да ти шетам низ куќа“… 

На видеата што кружат по интернет, се гледа како еден од присутните се качува на маса и почнува да танцува со симнати панталони, додека околу него има смеа, навивање, но и шокирани погледи. Сцената се одвивала пред десетици луѓе и за многумина била крајно непримерна, особено ако се има предвид дека станува збор за организирана божиќна прослава поврзана со јавна служба.

Според сведоштва од присутни, алкохолот течел во изобилие, а со тоа постепено исчезнувале и кочниците.

Ескалација и тепачка со музичарите

Работите дополнително се влошиле кога дел од гостите влегле во физичка пресметка со членовите на бендот што настапувал таа вечер. Настапот бил прекинат, а неколку музичари завршиле со повреди.

Според информациите што ги пренесоа хрватските медиуми, станувало збор за удари, модринки и повреди по главата и телото, а еден од музичарите бил и медицински згрижен со конци. Наместо празнична музика, салата набрзо била исполнета со викање, туркање и хаос.

Синдикатот се огради, јавноста не простува лесно

По објавувањето на снимките, синдикатот на ZET соопшти дека се оградува од однесувањето на поединци и најави дисциплински постапки против оние што го нарушиле редот. Но штетата веќе беше направена.

На социјалните мрежи реакциите не стивнуваат. Дел од граѓаните зборуваат за „срамна слика“ од божиќна прослава, други прашуваат како вакво однесување е можно на настан со толку луѓе, а има и такви што предупредуваат дека ова не е изолиран испад, туку последица на целосно изгубена контрола.

Поврзани содржини