ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА Богољуб Кариќ побарал да му се смени датумот на раѓање од 1954 во 1974
Не ви требаат креми за подмладување, само доволно храброст и адвокатски тим.
Не ви требаат креми за подмладување, само доволно храброст и адвокатски тим. Така барем смета Богољуб Кариќ кој преку својот адвокатски тим побарал да се подмлади 20 години. Законски.
Српскиот бизнисмен на својот 65 роденден поднел барање до судот во Крагуевац во неговите документи како датум на раѓање да стои 17 јануари 1974. Ова не би било спорно доколку Кариќ не е роден на 17 јанураи 1954 година.
Во образложението на адвокатите стои дека Кариќ не се чувствува како за годините и дека здравјето го служи како на многу помлад човек. Тој наведува дека неговите крвни садови, срцето, сексуалната моќ му се на високо ниво, многу повисоко од неговите врсници на 65 години.
Покрај ваквите тврдења на адвокатите во барањето стои и дека промената на годините ќе има пошироко општествено влијание врз луѓето кои се само во бројка стари, а се чувстуваат млади и работосопособни. Со оваа промена Кариќ сака да се откаже и од пензијата која му следува на 65 години сфаќајќи ја како навреда затоа што се вика „старосна пензија“.
На крај адвокатите го завршуваат барањето со песна т.е. со поезија од Киплинг и неговата „Ако“ која што нагласуваат е „како пишувана за господинот Кариќ’.