ГО ЗНАЕМЕ КАКО ГИНИСОВ РЕКОРДЕР ЗА ШОПСКА САЛАТА И ТОА, СО РЕНДАНО СИРЕЊЕ Димитар е скромен човек, горд велгоштанец и одличен готвач

Од средно електро-техничко, до факултет за гастрономија, од билкар до врвен шеф. Димитар Арнаудоски е третиот член на тимот готвачи на Слоу фуд Македонија кои ја претставија македонската гастрономија на саемот „Тера Мадре“ во Торино, а познат е и како Гинисов рекордер за најголемата шопска салата во светот

556

Димитар Арнаудоски е горд велгоштанец на кој иако традицијата му е длабоко врежана во генот, сака да експериментира и со нови техники, намирници и вкусови. Тој е скромен готвач со раскошен талент, а од неговите доблести е најголема онаа, дека има респект кон сите колеги.

„Не сум од тие готвачи кај кои егото е до таван, напротив, имам респект кон сите и сакам соработка со сите за доброто на гастрономијата“, вели нашиот соговорник кој заедно со колегите Зоран Мајновски и Пеце Клечкароски беше дел од тимот шефови на Слоу фуд Македонија кој готвеше на македонскиот штанд на настанот „Тера Мадре“ во Торино и одлично ја претстави македонската гастрономија.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини