ГО ЗАВЕЛА СИН ИМ КОГА ИМАЛ 15 ГОДИНИ Родителите на Макрон конечно проговорија за Брижит
Љубовта на Емануел Макрон кон Брижит започнала додека тој седел во училишната клупа. Брижит тогаш работела како наставничка по литература и веќе имала семејство.
И во следните пет години Емануел Макрон ќе биде претседател на Франција. Она што ја интригира јавноста откако тој се појави на политичката сцена е без сомнение бракот со 25 години постарата Брижит, на кој многумина мошне отворено му забележеа. Но, парот не се грижи за приказните. Згора на тоа, на прославата на триумфот пред неколку вечери во центарот на Париз, тие изгледале вљубено како на првиот ден.
Љубовта на Емануел Макрон кон Брижит започнала додека тој седел во училишната клупа. Брижит тогаш работела како наставничка по литература и веќе имала семејство. Но, како што често се случува во тинејџерските години, ученикот се загледал во учителката… Не го интересирале неговите врснички, туку една елегантна, отмена жена која, барем дотогаш, била среќно мажена и одгледувала три деца. Брижит заборавила на сето тоа кога сфатила дека 15-годишниот Емануел до уши е вљубен во неа.
Брижи и првиот сопруг Андре имале среќен брак сѐ додека на почетокот на 90-тите Брижит не ја започнала аферата со 25-години помладиот ученик Емануел Макрон.
Кога нејзиниот сопруг Андре дознал за врската помеѓу Брижит и Емануел, ги предал документите за развод. Не поминало многу лесно. Бракот бил официјално завршен дури во 2006 година, а веќе следната година Брижит станала госпоѓа Макрон. Нејзиниот четврт век помлад сопруг одлучил дека нема да има биолошки деца, што, очигледно, совршено му одговара.
– Тоа е одлука која сам ја донесов. Мојата сопруга има три деца, од кои некои беа веќе возрасни кога ја запознав. Се договоривме дека најважна работа е да ги изведеме на вистинскиот пат и да ги сакаме. Сега имам седум внуци. Ние се сакаме и се прифаќаме едни со други – раскажал своевремено Макрон.
Во Франција долго време се зборувало дека неговите родители не ја одобруваат оваа љубов, дека дури и го принудиле да го смени училиштето кога дознале што се случува. Меѓутоа, тие никогаш не се огласувале на оваа тема.
Таткото на Емануел, Жан-Мишел, дури неодамна даде интервју за весникот „L’Alsace“, во кое рекол дека гласините за промената на училиштето се само „приказни за мали деца“.
Што се однесува до врската на Емануел со Брижит, неговиот син, како што истакнал, уште во младите години докажал дека е слободен.
„Можеби беше рано, но подоцна се покажа дека тоа е нешто реално.“
Кај нив владеела голема напнатост: „Постојат моменти во животот кога мора да донесете важни одлуки“.
Како што наведува авторката на книгата за францускиот претседател, на неговата мајка Франсоаз наводно ѝ било потешко да ја прифати оваа љубов. Поради разликата во годините, секако. Денес, сепак, сѐ е во ред.
„Нашиот однос е пријателски. Брижит и јас имаме исти интереси и приоритети, си кажуваме сè еден на друг“, ја цитира „Гала“ изјавата на г-ѓа Франсоаз Макрон.