🎥 ГО УРНАЛ СОПСТВЕНИОТ АВИОН, ПА ЗАВРШИЛ ВО ЗАТВОР Американски јутјубер сценирал авионска несреќа за прегледи на неговиот канал

Поранешен олимпиец во сноуборд и познат јутјубер Тревор Џејкоб, ја признал вината и рекол дека го снимил видеото со урнатиот авион како дел од договор за спонзорство.

250

Американскиот јутјубер Тревор Џејкоб е осуден на шест месеци затвор бидејќи намерно го урнал својот авион поради бројот на прегледи на својот канал. 30-годишниот Американец објавил видео од авионска несреќа во декември 2021-ва година, претставуавјќи им ја на своите следбеници како реална. Тој се катапултирал од авион со селфи стик во раката и се спуштил со падобран на земјата. Видеото има милиони прегледи, но покрај слава и лајкови, на јутјуберот му донело и затвор.

Џејкоб подоцна ја признал вината и рекол дека го снимил видеото како дел од договор за спонзорство. Тој се изјаснил како виновен порано оваа година за казнено дело уништување на имот и прикривање со намера попречување на федерална истрага.

„Џејкоб најверојатно го извршил ова казнено дело за да генерира известување и да стекне финансиска корист. Сепак, овој вид на однесување на може да се толерира“ – посочиле обвинителите во Калифорнија.

Џејкоб кој е поранешен олимпиец во сноуборд, изјавил дека ова искуство било понижувачко и ја опишал пресудата како исправна.

Во ноември 2021-ва година Џејкоб го напуштил аеродромот Санта Барбара во Калифорнија со камера поставена во авионот. Освен камерата, Џејкоб со себе носел и падобран, како и селфи стик.

Тој не планирал да слета, туку наместо тоа планирал да се катапултира од своето летало во текот на летот и да снима како паѓа со падобранот на земја и да го снима авионот додека се урива – соопшти американското обвинителство.

Авионот се урнал во Националниот парк Лос Падрес, 35 минути по полетувањето. Џејкоб отишол до местото на падот и ги пронашол остатоците. Потоа на 23-ти декември на Јутјуб поставил видео кое содржело промоција на компанија за паричници -посочиле обвинителите.

Поврзани содржини