📽 ГО СЕФТОСА УТРОТО СО МАКЕДОНСКА ПЕСНА Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу ја отпеа „Калеш Димчо“

Дојди, дојди калеш море Димчо, на печено јагне...

592

Познатиот јапонски оперски пејач Казухиро Котецу кој често пее македонски песни и ѝ стана омилен на македонската публика не престанува да изненадува. Овојпат тој се снимил како го почнува утринскиот тренинг на статичен велосипед со народната „Дојди, дојди Калеш море Димчо“.

Дојди, дојди калеш море Димчо,
вечер на вечера.
Дојди, дојди калеш море Димчо,
на печено јагне,
тра-ла, ла, ла, ла, ла, тра-ла, ла, ла, ла, ла,
на печено јагне.






На печено јагне, калеш Димчо,
на лута ракија.
На лута ракија, калеш Димчо,
и на рујно вино,
тра-ла, ла, ла, ла, ла, тра-ла, ла, ла, ла, ла,
и на рујно вино.

Имам мерак, лично мори Севдо,
тебе да те видам,
ама сакам, лично мори Севдо,
тебе да те љубам,
тра-ла, ла, ла, ла, ла, тра-ла, ла, ла, ла, ла,
тебе да те љубам.

Крени чаша, лична мори Севдо,
двајца да пиеме,
двајца да пиеме, лична Севдо,
и да се љубиме,
тра-ла, ла, ла, ла, ла, тра-ла, ла, ла, ла, ла,
и да се љубиме.

 

Поврзани содржини