📽 ГО САРДИСАА ГРОБОТ НА ДАРВИН СО СПРЕЈ Активистите се загрижени поради глобалното затоплување
Активистите на „Јust Oil“ лани фрлија супа врз слика од Ван Гог, прекинуваа големи спортски настани, испрскаа клучни објекти во Лондон, а познати се и по тоа што го исшараа древниот археолошки локалитет Стоунхенџ.
„1,5 е мртов“ напишаа климатски активисти со спреј врз гробот на познатиот британски научник Чарлс Дарвин алудирајќи на фактот дека просечните температури во светот се зголемени на 1,5 степени целзиусови откако се вршат мерења на овој параметар, односно споредено со ерата пред индустриската револуција.
– Го надминавме прагот од 1,5 степен кој требаше да нè заштити. Дарвин би се превртувал во својот гроб кога би знаел дека сме среде шестото масовно истребување – рече еден од активистите.
Дарвин, најпознат по својата теорија за еволуција со природна селекција, починал во 1882 година. Погребан е во Вестминстерската опатија, каде што се погребани и научниците Исак Њутн и Стивен Хокинг.
Организацијата „Just Stop Oil“ чии активисти ја организираа герила-акцијата во Вестминстерската палата стана позната во Велика Британија по своите насилни хулигански протести, како што тврди, за да го привлече вниманието на еколошките прашања, вклучително и затворање на главните патишта, прекинување на културни и спортски настани или фрлање супа врз слика на Ван Гог.
Активистите на „Just Stop Oil“ организираа серија протести во Велика Британија, вклучително и прекинување спортски и театарски настани, бојадисување на зградата на американската амбасада во Лондон и на големи индустриски корпорации.
Во јуни минатата година нивни активисти го испрскаа британскиот древен археолошки локалитет Стоунхенџ.
Претходните години тие ги испрскаа згадите на повеќе клучни институции во Лондон.