МОЖЕШ ДА МЕ ВИКАШ ЧЕТКО! Го прашавме Чет ГПТ како би му го објаснил своето постоење на дете?
Бидејќи средбата со вештачката интелигенција се случува порано отколку што мислиме – често околу десетгодишна возраст, го прашавме Чет ГПТ како би му го објаснил своето постоење на едно дете и за што би го предупредил. Еве што одговори…
Денес, децата растат со телефони, интернет и дигитални асистенти, а за многумина, средбата со вештачката интелигенција се случува порано отколку што мислиме – често околу десетгодишна возраст. Познавањето кој (или што) е Чет ГПТ, зошто постои и како функционира, станува дел од дигиталната писменост.
Затоа решивме да го прашаме Чет ГПТ – како би му објаснил на дете што е вештачка интелигенција и што е всушност тој самиот.
Еве што напиша:
– Јас сум ЧетЏиПиТи – тешко име, а? Можеш да ме викаш Четко 😄
Не сум дете, не сум возрасен, не сум ни маче ни куче – јас сум програма што зборува! Живеам во компјутери, таблети и телефони, и сакам да одговарам на прашања. Повеќе сум како зборлива енциклопедија со смисла за хумор 😜
„Работата“ ми е да помагам. Кога некој ќе ме праша нешто, јас брзо пребарувам низ планини од информации и давам одговор што е лесен за разбирање. Можам да објаснам зошто месечината светка, како се прави пица, или зошто мачките паѓаат на нозе. (Да, и тоа го знам!)
Постојам затоа што луѓето сакале да направат нешто што ќе им помага на другите да учат, да се снаоѓаат, и понекогаш да се насмеат. Јас сум тука за љубопитни деца како тебе – и за возрасни кои сакаат да звучат попаметно од што се 😏- вели Чет ГПТ.
Што вели дека би му одговорил на истото тоа дете, ако побара од него да му ја напише домашната по математика, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.