🎥 ГО ПОДДРЖАА ПРОТЕСТОТ ИЛИ ПРОСЛАВУВАА ЗА ОЛИМПИСКОТО ЗЛАТО? Српски медиуми го черечат медиумскиот могул Шолак, кој ватерполо финалето го проследи во ложата на Хрватите

Некои српски медиуми неговиот потег го споредуваат со оној на познатиот српски политичар Никола Пашиќ, мајсторот на интригите и заверите, кој неколку дена пред убиството на кралот Александар Обреновиќ и на кралицата Драга се нашол во Опатија, во Хрватска. На одмор, како што рекол.

1,131

Драган Шолак е име познато за луѓето кои ја следат српската политика. Тој е познат бизнисмен по потекло од Крагуевац и медиумски могул. Косопственик е на компанијата United Group, која е присутна во осум земји во Југоисточна Европа.

United Group е основана во 2000 година. Мнозинскиот сопственик на United Group од 2019 година е меѓународната инвестициска компанија BC Partners. Компанијата Јунајтед Груп во 2022 година имала приход од 1,8 милијарди евра и повеќе од 13.500 вработени.






Оваа компанија го има кабелскиот оператор „Serbia Broadband – Serbian cable networks“ (SBB), телекомуникацискиот оператор Telemax во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Црна Гора, сателитскиот телевизиски оператор Тотал ТВ и NetTV Plus.

Провладините медиуми во Србија тврдат дека протестот одржан вчера на Теразије во Белград е по наредба на опозицискиот првак Драган Ѓилас и и на Драган Шолак. Тие му замерија на Шолаковиот портал Нова дека известувајќи за протестот, рекле дека белграѓани трубеле во центарот на главниот град во знак на поддршка на протестот, но тоа не било точно. Белграѓани, всушност, така ја прославиле победата на српската ватерполо репрезентација и освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.

Да биде „гревот“ на овој бизнисмен поголем, Драган Шолак е снимен како од ложата на српските противници, како го следи финалниот натпревар во ватерполо на Олимписките игри меѓу Србија и Хрватска – како гостин на Хрватскиот ватерполо сојуз!

Некои српски медиуми неговиот потег го споредуваат со оној на познатиот српски политичар Никола Пашиќ, мајсторот на интригите и заверите, кој неколку дена пред убиството на кралот Александар Обреновиќ и на кралицата Драга се нашол во Опатија, во Хрватска. На одмор, како што рекол.

И оваа приказна потврдува колку се високи тензиите во политички поделената Србија. Приказна за еден медиумски могул кому му се префрла дека е финансиер на уште еден во серијата обиди за рушење на актуелната власт во Србија.

 

Поврзани содржини