ГО ОТРУЛЕ ВО ИСТАНБУЛ, ЈА ЧЕКА СВОЈАТА ОДМАЗДА КОН КРЕМЉ Кој е Умеров, новата десна рака на Зеленски?
Рустемов беше еден од тројцата преговарачи кои по првите преговори меѓу Русија и Украина на 28 март лани развија симптоми на труење и веднаш полетаа за Истанбул. Со него беа Роман Абрамович и уште еден дипломат.
Кремљ тврди дека тој е шпион на САД, додека самиот тој чека одмаза кон Русите за родниот Крим бидејќи по националност е Кримски Татар. Рустем Умеров ќе биде новата десна рака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако денеска и официјално е разрешен Олексиј Резников, досегашниот министер за одбрана, поради корупциски скандали и контроверзии.
Рустемов беше еден од тројцата преговарачи кои по првите преговори меѓу Русија и Украина на 28 март лани развија симптоми на труење и веднаш полетаа за Истанбул. Со него беа Роман Абрамович и уште еден дипломат. Подоцна, на Фејсбук објави дека е добро и побара од луѓето „да не веруваат во непроверени информации“, пишува Слободна Далмација.
Но и пред војната Умеров спремал дипломатска офанзива како да му се одмази на Кремљ. Тој уште во 2019 година, како пратеник од партијата Холос учествуваше во изготвување на стотина закони и ја креираше изјавата на украинскиот парламент со кој се осудува руската агресија на Крим од 2014 година.
Умеров е роден во Самарканд, на територија на денешен Узбекистан во 1982 година.
Неговото семејство потекнува од Алушта на Крим. Советските власти ги протераа Кримските Татари од Крим во Узбекистан во 1944 година, што украинскиот парламент го прогласи за геноцид врз кримските Татари во 2015 година.
Умеров дипломирал и магистрирал економија и финансии на Националната академија за менаџмент во Киев.
Во меѓувреме, западните медиуми пишуваат дека со смената на претходниот министер за одбрана Олексиј Резников, Зеленски се обидува да ги увери САД и другите сојузници дека нивната поддршка нема да биде злоупотребена, пишува Вашингтон пост. Министерот за одбрана игра клучна улога во преговорите со другите земји за давање помош, вклучително и во вооружувањето.
Според еден извор, Резников не бил директно вклучен во корупциските скандали во неговото министерство.