ГО НАДЖИВЕА СЕКОЕ КУЧЕ ШТО НЕКОГАШ ЖИВЕЕЛО Боби од Португалија угина на 31 година и 165 дена

Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и најдолговечното досега. Според сопственикот, кучето Боби уживал релативно мирен живот. Претходното најстаро куче било австралискиот пес Блуи, кој угинал 1939 година, на возраст од 29 години и пет месеци.

173

Боби, Гинисовиот рекордер како најстарото куче на светот, угина во саботата на 31 година и 165 дена. Веста за неговата смрт ја објави ветеринарот кој го лекуваше.

„И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на Земјата никогаш не би биле доволни за оние кои го сакаат“, напиша д-р Карен Бекер на својот интернет-простор.






Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и најдолговечното досега. Возраста на Боби беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската Влада, со која раководи Националниот сојуз на ветеринари. Го собори речиси сто години стариот забележан рекорд. Претходното најстаро куче било австралискиот пес Блуи, кој угинал 1939 година, на возраст од 29 години и пет месеци.

Сè уште не е откриен наследникот на Боби како најстаро живо куче на светот.

Боби живеел цел живот со семејството Коста на западниот брег на Португалија. Леонел Коста вели дека кога имал осум години го добиле Боби заедно со уште неколку кученца, морале да се откажат од нив, но сепак, Боби се вратил дома. Според сопственикот, кучето Боби уживало релативно мирен живот, а тајната на неговата долговечност е „мирната средина“ каде живее.

Поврзани содржини