📽️ ГО КРИТИКУВАА, ТРАМП ГИ ИЗНЕНАДИ СО НАГРАДА Рокерите КИСС добија почесно признание во Кенеди центарот

Рокерите во една прилика рекоа оти „Трамп е вистинска опасност за демократијата“, пренесува „Јаху ентертејнмент“.

187

На рокерите од американскиот бенд „КИСС“, се чини, не им пречеше тоа што нивниот политички неистомисленик и соперник – претседателот на САД, Доналд Трамп официјално објави дека составот е меѓу овогодишните добитници на Наградата „Кенеди центар“.

Трамп рече дека бил длабоко вклучен во процесот на селекција оваа година, вклучувајќи ја и неговата намера да стане првиот претседател на САД што ќе биде домаќин на емисијата. А, изборот на „КИСС“ е интересен со оглед на добро познатото политичко „непријателство“ меѓу рок-составот и Трамп.






Имено, рокерите во една прилика рекоа оти „Трамп е вистинска опасност за демократијата“, пренесува „Јаху ентертејнмент“.

– Чест ми е да му оддадам признание на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња „КИСС“. Значи, „КИСС“ е основан во Њујорк, 1973 година, а неговите членови-основачи се неверојатни луѓе. Тоа се: Пол Стенли, Џин Симонс, Ејс Фрејли и Питер Крис – изјави американскиот претседател најавувајќи ја наградата.

Тој продолжи:

– „КИСС“ стана светски феномен, со над 100 милиони музички записи продадени ширум цел свет, продуцирани 30 „златни“ албуми и многу други работи. Тие создадоа богатство. Тоа се одлични луѓе, кои работат напорно, и продолжуваат да работат напорно, и го заслужуваат ова признание. А, мене ми е чест да го претставам „КИСС“.

Басистот на бендот и воедно пејач, Џин Симонс, во име на цела група, за „Билборд“ изјави дека „КИСС е олицетворение на американскиот сон“.

– Длабока чест ни е да го добиеме одличјето ‘Кенеди Центар’ – вели Симонс.

На списокот наградени се најдоа и кантри-пејачот Џорџ Стрејт, британскиот глумец Мајкл Крофорд, диско-пејачката Глорија Гејнор и глумецот од „Роки“  и „Рамбо“, Силвестер Сталоне.

„Кенеди центар“ признанијата се доделуваат во главниот град на САД – Вашингтон, за особен придонес за американската култура. Меѓу поранешните добитници на овие одличија се и Арета Френклин, Боно, Мерил Стрип, Рита Морено, Том Хенкс, Пол Мекартни, Роберт де Ниро и Ел-Ел Кул Џej.

Поврзани содржини