🎥ГО ДОЧЕКАВМЕ И ПРВОТО РОБОТСКО ВОСТАНИЕ Што е следно, роботите ќе бараат слободен викенд?

Робот наречен Ербаи убеди 12 други работи да востанат и да ги напуштат своите работни места на саем на роботика во Шангај. Компанијата се оправда дека станувало збор за експеримент, но видеото ги замисли сите...

79

Во Шангај се случи нешто што го „запали“интернетот. Робот наречен Ербаи, за време на саем за роботика, наводно успеал да убеди уште 12 други роботи да ги напуштат своите позиции и да тргнат со него. Барем така изгледа според видеото кое се прошири со неверојатна брзина низ социјалните мрежи.


Сцената почнува речиси поетично: Ербаи им се обраќа на своите колеги со неколку прашања што звучат многу човечки — дали се уморни, дали работат прекувремено и дали некогаш имаат одмор. Неколку секунди подоцна, роботите, еден по еден, ја напуштаат изложбената хала, како да тргнале на синдикален состанок.






Компанијата што ги произвела уредите тврди дека сè било дел од демонстрација на „интерактивна комуникација помеѓу автономни системи“, со вградена способност за „емпатија“. Со други зборови, не станува збор за вистинско востание на машините, туку за тест кој, случајно или не, се покажал неверојатно симболичен.

Но, краткиот клип со Ербаи како ги води своите „востаници“ доби милиони прегледи и десетици шеговити коментари. „Првото работничко востание на роботите“, „АИ револуцијата почна од Кина“, „Што е следно. ќе бараат слободен викенд?“ – тоа беа само дел од реакциите.

Што се случува во меѓувреме со Ербаи? Настанот се случи одамна, но тој сега е мини-ѕвезда во Кина. Компанијата ја прифати шегата и го нарече „прв робот што покрена дебата за работнички права“. Малку веројатно е дека ќе добие синдикална членска карта, но сигурно веќе има свое место во дигиталната историја — како робот којшто ни покажа колку човечки може да звучи една машина.

Поврзани содржини