📽 ГЛУТНИЦА КУЧИЊА НАПАДНА СКИЈАЧ ВО КОПАОНИК „Најважно е да останете прибрани“
Значи, треба да застанете и да се свртите кон кучето кое ве брка, може да ја користите и вашата опрема за да ги исплашите кучињата, вели експерт за обука на кучиња за српските медиуми.
Снимка од глутница кучиња кои напаѓаат сноубордер во познатиот скијачки центар Копаник се рашири на социјалните мрежи. Мажот поминал без тешки телсни повреди иако едно од кучињата успеало да го гризне за ногата. Страницата Копаоникинфо го објави советот на Дејан Севковиќ, кој се бави со обука на кучиња во врска со ваквите ситуации:
„Најважно е да останете прибрани и никако не треба да продолжите со скијањето затоа што кучињата во глутница добиваат нагон за лов и доколку бегате, тоа само ги охрабрува да продолжат со напад. Значи, треба да застанете и да се свртите кон кучето кое ве брка, може да ја користите и вашата опрема за да ги исплашите кучињата“, пишува во објавата.
View this post on Instagram