ПОЛЕТА НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕСКОП НА ДЕНЕШНИЦАТА (ОБНОВЕНО) Гледајте како Џејмс Веб го проби небото (ВИДЕО)

Научниците веќе неколку дена го одложуваа неговото лансирање поради страв дека ако нешто тргне наопаку ќе им пропадне 14-годишниот труд да се состави ова деликатно мозаично огледало!

573

Најмоќниот телексоп на денешницата, Џејмс Веб конечно се вивна во Земјината орбита за да го истражи почетокот на нашиот универзум, самиот Биг-бенг со своите хексагонални златести огледала. Научниците веќе неколку дена го одложуваа неговото лансирање поради страв дека ако нешто тргне наопаку ќе им пропадне 14-годишниот труд да се состави ова деликатно мозаично огледало.

На следниот линк на Јутјуб можеме да го проследиме летот на овој убавец. Токму за Божиќ!






Џејмс Веб цели 29 дена ќе патува во ракетата „Аријане 5“, а потоа таа ќе го исфрли на неговата позиција – 1,5 милиони километри над Земјата е местото каде Џејмс Веб нема да биде привлечен ни од Сонцето, ни од Земјата, туку гравитациските сили ќе бидат во баланс за тој да може да истражува.

Телескопот првенствено ќе врши набљудувања во инфрацрвена боја, додека неговиот претходник Хабл работеше најмногу со оптички и ултравиолетови бранови должини. Ова значи дека Џејмс Веб ќе може да гледа многу подалеку. За пример, тој е толку моќен што би детектирал ако бумбар лета на Месечината. Едноставно ќе ја прочита топлината од неговото тело, пишува НаученАларм.

 

„Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА … пристигна на својата конечна локација на Земјата: комплексот за лансирање Arianespace ELA-3 на европското вселенско пристаниште лоцирано во близина на Куру, Француска Гвајана“, напиша НАСА во ажурирањето.

Епа, среќно, телескопу наш. Сите навиваме за тебе.

Поврзани содржини