ГЛАВНО ДА Е УДОБНО Се појави нов тренд, патики дури и со венчаница
Порано беше незамисливо да се носат патики со елегантен костум или фустан, но денес се носат дури и на свадба! Тие се заштитен знак на атлежер стилот (спортска елеганција) кој се вовлекол во сите плакари, дури и меѓу најелегантната облека.
Атлежер е совршена рамнотежа помеѓу спортското и елегантното, забавна мешавина од стил на модните писти, но и на улица. Што се однесува до обувките, посебен акцент се става на патиките, но такви кои успешно ги заменуваат чевлите во помалку лежерни комбинации.
Секако, патиките одамна престанаа да бидат само чевли за тренинг – денес тие се симбол на лежерна софистицираност, парче што го носиме на работа, на вечера или на саботно кафе во градот.
Доколку барате совршен пар патики што ќе ви го олеснат секојдневниот стил, а воедно ќе ви бидат удобни без разлика колку часови поминувате на нозе, неколку трендовски предлози ќе најдете ТУКА.