ГЛАДНА ГОДИНА ЗА БРИТАНСКИ ТИНЕЈЏЕРИ Група од 50 млади нападнале Мекдоналдс и краделе хамбургери и помфрит

Група од 50 тинејџери во Нотингем, го прескокнале пултот во продавница на Мекдоналдс и грабале сѐ што нашле, хамбургери, помфрит и пијалаци

251

Група тинејџери биле снимени како дивеат низ ресторан на Мекдоналдс во Нотингем. Тие влегле во продавницата на Мекдоналдс на улицата Кламбер, го прескокнале пултот и почнале да крадат хамбургери, помфрит и пијалаци.

Тие викале додека скокале преку пултот и грабале сѐ што можеле. Другите тинејџери ги извадиле телефоните за да го снимаат лудилото, додека загрозените вработени не можеле да направат ништо друго освен да стојат настрана додека толпата тинејџери ги грабале оброците во неделата навечер.






Полицијата соопштила дека околу 20 млади останале откако го ограбиле ресторанот и вербално им се заканиле на вработените.

Полицајците рекле дека групата исто така се подготвувала да изврши напад и во друг Мекдоналдс на улицата Милтон, но се разбегале кога пристигнале на местото на настанот.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини