ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Хронична инфламаторна демиелинизирана полиневропатија
Генерално, последиците од ова автоимуно невролошко заболување најчесто може да се изразени како пецкање и вкочанетост, па до слабост и губење на рамнотежата. Без третман на едно до три лица со CIDP ќе им треба инвалидска количка, а физикалната терапија може многу да помогне во намалувањето на последиците.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?
ХРОНИЧНА ИНФЛАМАТОРНА ДЕМИЕЛИНИЗИРАНА ПОЛИНЕВРОПАТИЈА (ХИДП)/ CHRONIC INFLAMMATORY DEMYELINATING POLYNEUROPATHY (CIDP)
MKБ-10 G61.8
ПРЕВАЛЕНЦА
Во светот оваа болест е забележана кај 1 од 200 000 деца и 1 – 9 / 100 000 население.
Хронична инфламаторна демиелинизирана полиневропатија (CIDP) е ретко автоимуно невролошко заболување кое се карактеризира со воспалителни промени на периферните нерви и нервните корени при што настанува оштетување и уништување на масната заштитна обвивка (миелинска обвивка) на нервните влакна.
Миелинот им овозможува на нервните влакна пренос на сигнали со голема брзина од 40 – 60 m/s. Губењето или оштетувањето на оваа обвивка го забавува или целосно го блокира преносот на нервниот сигнал и исто така може да придонесе и до губење на нервното влакно.
Ова предизвикува слабост, парализа или нарушување на моторната, а понекогаш може да ја наруши и сензорната функција, особено на рацете и нозете. Моторните и сензорните нарушувања обично ги зафаќаат двете страни на телото (симетрично), а степенот на сериозноста на болеста, како и текот, зависи од организам до организам.
Болеста е многу ретка и може да се јави во која било возрасна доба, но почесто во 5 или 6-та деценија од животот. Двојно почесто се јавува кај мажите во однос на жените. Децата имаат побрз почеток и поголема попреченост и кај нив почесто се јавуваат релапс на болеста.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.