ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: АРТРОГРИПОЗА Перманентно вкочанување на зглоб во свиткана или исправена состојба

Генерално, прогнозата за пациентите со артрогрипоза е добра. Со физикална терапија и други третмани, можно е да се постигне постепено подобрување на функцијата на зглобовите и мобилноста. Повеќето пациенти со артрогрипоза се со нормална интелигенција и водат нормален, независен живот како возрасни луѓе, а 25 % од пациентите стануваат инвалиди.

34

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…

Артрогрипоза/Arthrogryposis multiplex congenita






МКБ 10 Q74.3

Преваленца (распространетост): 1/3.000 новородени

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини