ГИ УТНАЛ СИТЕ БРОЕВИ И ДОБИЛ 80.000 ЕВРА Хрват имал среќа, во несреќа, на игра на среќа

Во Хрватска сѐ попопуларна е играта на среќа, наречена „Сѐ или ништо“, во која играчот може да ја освои максималната награда ако ги погоди бројките, но и ако ги промаши сите.

732

Маж од градот Вараждин, Хрватска, освоил 80.000 евра на игра на среќа, а не погодил ниеден број, објави хрватски Регионални тједник.

Во Хрватска сѐ попопуларна е играта на среќа, наречена „Сѐ или ништо“, во која играчот може да ја освои максималната награда ако ги погоди бројките, но и ако ги промаши сите.






Така, среќникот од Вараждин добил парична награда, иако не погодил ниеден од извлечените броеви. Играчот одиграл една комбинација, не погодил ниеден од извлечените броеви, а за уплатените 1,30 евра, добил 80.000 евра.

Извлечените броеви се 2, 3, 4, 5, 8, 9, 12, 13, 16, 19, 20, а среќниот добитник не погодил ниеден од нив.

Поврзани содржини