ГИ САКАМЕ, А ГИ ПОВРЕДУВАМЕ Постојаната употреба на мобилните телефони негативно влијае на емоционалниот развој на децата

Родителите кои поминуваат премногу време пред екран можеби дури и не сфаќаат колку тоа влијае на нивните деца. Клучот за здрава врска е присуството. А најважното нешто за децата е да знаат дека се видени, да слушнат дека се важни и да чувствуваат дека се сакани.

76

Истражувањата покажуваат дека постојаната употреба на мобилни телефони од страна на родителите може негативно да влијае на емоционалниот развој на децата. Штетата не се одразува само во ослабена емоционална регулација и самосвест, туку и во нарушен авторитет, послаби семејни врски и нарушена атмосфера во домот. Родителите кои несвесно стануваат „телефонски зомбиња“ честопати не забележуваат колку нивните навики го обликуваат семејниот живот.

Студија објавена во списанието Scientific Reports покажува дека самото присуство на мобилен телефон во текот на разговор или оброк може да го ослабне квалитетот на односите. Родителите кои поминуваат премногу време пред екран можеби дури и не сфаќаат колку тоа влијае на нивните деца.






Скролување за време на семејните оброци

Заедничките оброци се клучни за поврзување, чувство на сигурност и отворена комуникација во семејството. Според терапевтката Ен Фишел, децата кои редовно јадат со своите родители имаат подобри оценки, посилни пријателства и постабилни емоции. Ако родителот го гледа својот телефон додека јаде, пропушта вредна можност да разговара и да се поврзе.

Прочитајте повеќе ТУКА.

Поврзани содржини